Охрид, 15. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.
– Денес и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено денес и утре. Потоа во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање со благ пораст на дневната температура, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес

