Охрид, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.
Во утринските часови променливо облачно, во западните и во северните делови со услови за локален дожд.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.
– Денес ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали. Потоа до недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес

