Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

1 min read
Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Охрид, 9. мај 2026 (ИНПРЕС) – Во петок започнуваат уписите на ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година. Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август.

Согласно објавениот конкурс, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 697 полуматуранти, што е за 86 ученици помалку во однос на ланскиот конкурс.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 136 места за идните средношколци.

Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 134 ученици од кои 109 во сектор економија, право и трговија и 25 во сектор здравство и социјална заштита.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 302 слободни места, во 11 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање. Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 125 ученици во 5 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk, по што, потребната документација се доставува до училиштата.

Во јунскиот уписен рок има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок има едно пријавување што ќе се реализира на 20 август.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки што се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на неколку улици
Next Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“

Слични вести

Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“ Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“

Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“ Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“
1 min read

Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.