Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Во Сараево уапсени 11 поддржувачи на Исламската држава

Во Сараево уапсени 11 поддржувачи на Исламската држава

Сараево, 23. декември 2015 (ИНПРЕС) – Во соопштението од Обвинителството се вели дека полицијата извршила претрес насочен кон 15 лица во поширокиот регион на Сараево.

Полицијата пронашла докази кои укажуваат на врски со структурите на Исламската држава.

Се наведува дека рациите се спроведени во близина на касарната во предградието Рајловац каде вооружен напаѓач во ноември уби двајца босански војници, акт кој властите го оквалификуваа како терористички.

Во изјава за новинарите, федералниот полициски инспектор, Марина Зулиќ, рече дека осомничените биле вклучени во поттикнување и организирање на терористички напади.

Босанските власти соопштија дека во изминатите неколку години повеќе од 150 Босанци ја напуштиле земјата за да се борат за Исламска држава во Сирија и Ирак. Повеќе од 50 од нив се вратени во Босна, а околу 30 загинале во борбите. (Крај)

извор: Дневник фото: архива

Post navigation

Previous Хрватска и натаму без Влада
Next Десет мигранти се удавија крај грчкиот остров Фармакониси

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.