Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Дебрца едно, во Струга ниедно

Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Дебрца едно, во Струга ниедно

Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Дебрца едно, во Струга ниедно

Охрид, 11. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Во месец септември во Охрид биле издадени 5 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од нив едно е на физичко лице, додека 4 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 76 станови со вкупна корисна површина од 3.797 м². Во анализираниот период во општина Струга не се издадени одобренија, додека во Дебрца само едно.

На ниво на Република Македонија, во септември годинава издадени се 296 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 146 се наменети за објекти од високоградба, 90 за објекти од нискоградба и 60 за објекти за реконструкција. Од вкупно 296 објекти, на 131 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 165 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67.372 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Помпеја го ограничува дневниот број на посетители на 20.000 луѓе
Next Македонија во септември ја посетиле 101.664 странски туристи, најмногу од Турција и Србија

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.