Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Сирија убиени браќа-џихадисти од Косово

Во Сирија убиени браќа-џихадисти од Косово


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина, 29.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Последните жртви, Албанци од Балканот, на боиштата во Сирија, како џихадисти, се браќата Валон и Хашим Алиу, од селото Жегра, кај Гњилане. Веста ја потврдиле и нивните најблиски.

– Да точно е. Пред една недела ни јавија дека тие се убиени таму, потврдила нивната мајка.

За Сирија тие заминале пред десет месеци, без за тоа да им кажат на домашните.

– Во јануари годинава излегоа од дома без да ни кажат каде одат. Три месеци не знаевме ништо за нив. Потоа ни се јавија и ни рекоа дека се добри, раскажала мајка им.

Според нивната сестра телата на нејзините браќа се погребани во Сирија.

– Сите знаат дека тие се убиени, кој сака може да дојде за сочувство, но ние не гледаме за потреба да ги отвориме вратите за тоа, бидејќи ги немаме телата, тие се закопани таму за нас животот продолжува, изјавила таа.

Со смртта на браќата Алиу, како што јавуваат косовските медиуми, бројот на загинататите косовски Албанци кои се борат на страната на ИД се искачи на педесет.

Деновиве беше потврдена смртта на Басри Сулејмани од Приштина, кој бил десна рака на лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдарим Мухаџери. Тој загинал при бомбардирањата на еден од камповите на ИД во Сирија.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Осуммина мртви од алкохолно труење во Истанбул
Next Поддршка на Владата на Јапонија за Македонија и Србија за мигрантската криза

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.