Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вучиќ: Албанците да не си играат со оган

Вучиќ: Албанците да не си играат со оган

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 12.септември 2015 (ИНПРЕС) – По најавите за основање на Заедница на албански општини во Србија, српскиот премиер Александар Вучиќ, но и министерот за надворешни Ивица Дачиќ, им се заканија на лидерите Албанци. Дачиќ, кој престојуваше во Медвеѓе во предизборната кампања, изјави дека Албанците не треба да си играат со оган.

-Посочив во саботата во Прешево да не основаат некаква заедница која е паралелна со таа на Косово. Им посочувам да не си играат со оган и да го почитуваат уставниот поредок на Република Србија. Фактот што Србија е за дијалог, не значи дека е ослабена, напротив, таа е силна, најсилна во последните 20 – 30 години, рече Ивица Дачиќ, министер за надоврешни работи на Србија.

И премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за РТС изјави дека треба да се реагира паметно и мудро, но и дека доколку е потребно, тогаш ќе се покаже и сила.

-Во оваа ситуација треба да реагираме паметно. Знаеме дека многу луѓе за овој случај имаат кажано, ајде сега да им покажеме. Не треба да им покажеме разумно. Им отворивме породилно, чисто и средено, со лекари од странство. Десетици мајки се породија таму, ова е нашата порака. Истото ќе го сториме и во Бујановац, со факултети и училишта, таму половина се Албанци, половина се Срби, Ромите се 10 отсто. Ние оформивме координативно тело за тие општини, ние работиме со нив. Мислам дека овој чекор политички е несериозен, неодговорен. Србија знае како да реагира, знае да реагира паметно и разумно, но ако треба да покажеме сила, не плашете се, секако дека ќе покажеме, изјави Александар Вучиќ, премиер на Србија.

И покрај заканите кои доаѓаат од Белград, лидерите Албанци во Прешевската долина решија да основаат Заедница. Рагми Мустафа, градоначалникот на општина Прешево, за Алсат – М изјави дека се навикнати на такви закани со години.

-Ние сме навикнати на заканите на Дачиќ уште од минатото, родени сме, пораснати и старееме под постојаните закани и притисоци. Поради ова се позитивните иницијативите на Албанците во Прешевската долина, да бараме решение еднаш засекогаш да се спасиме од заканите кои постојано доаѓаат координирано од страна на одредени власти во Владата во Белград и во таа насока воопшто не ми оставаат впечаток тие закани бидејќи советниците на општинските собранија на Прешево, Бујановац и Медвеѓе решија утре да се одржи оваа седница и да се усвои одлуката за основање на Заедница на албанските општини во општина Прешево, рече Рагми Мустафа, градоначалник на општина Прешево.

За ова, Мустафа изјави дека ја имаат поддршката на Приштина и официјална Тирана. Утре во Прешево ќе се соберат советите на општините Бујановац, Медвеѓе и Прешево, за да дискутираат за основањето Заедница на албанските општини во Србија.(Крај)

извор:Алсат М фото:архива

Post navigation

Previous Суспендирана почесна француска конзулка во Турција поради трговија со мигрантите
Next Китаровиќ: Хрватска останува вистински и верен пријател на БиХ

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.