Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Вучиќ во Тирана: Албанија и Србија отвораат ново поглавје

Вучиќ во Тирана: Албанија и Србија отвораат ново поглавје

1 min read

Тирана, 27. мај 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ пристигна во историска посета на Тирана.

– Фактот дека имаме различни ставови за одредени прашања, не значи дека не сме свесни за фактот дека двете земји играат важна улога во зачувувањето на мирот, изјави албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференцијата при дочекот на Вучиќ.

Тој додаде дека го смета дијалогот меѓу Белград и Приштина како отворање на ново поглавје во односите меѓу Србија и Албанија.

– Сметам дека овие 24 часа ќе бидат важни за граѓаните на Србија и Албанија. Ние треба да вложиме напори да ги подобриме нашите економии, истакна домаќинот. Еди Рама изрази уверување дека двете стани ќе можат да ја извршуваат програмата за развој на регионот без граници во Западен Балкан, за отстранување на бариерите во трговијата, културата и науката.

Foto: Twitter / @SerbianPM

– Се надевам дека заедно ќе одиме напред по патот кон ЕУ. Ние имаме многу заеднички нешта, кои можат да придонесат за напредокот на нашите земји, рече албанскиот премиер.

Александар Вучиќ беше пречекан со сите државни почести и со звуците на српската химна. Тој ќе има средби со претседателот Бујар Нишани, претседателот на парламентот, Илир Мета и градоначалникот на Тирана Лузим Баша.

Утре српскиот премиер ќе учествува во економски форум. Во неговата делегација е и министерот Зоран Михајловиќ, со што се потврдува дека една главните теми во преговорите ќе бидат големите инфраструктурни проекти.

Во Тирана се на сила исклучителни мерки за безбедност поради посетата на српскиот премиер. Во главниот град официјалната придружба била проследена со зголемена безбедност, вклучувајќи и надзор со хеликоптери, и полицајци на секое 50 метри од патот по кој поминува делегацијата. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous ОМД – Рама да се погрижи за Македонското етничко малцинство во Албанија
Next Косовските терористи во Приштина добија почести како херои

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.