Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вучиќ-Рама: Србија и Албанија се пример за регионот

Вучиќ-Рама: Србија и Албанија се пример за регионот

Белград, 1.септември 2015 (ИНПРЕС) – Премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во телевизиската емисија „Опкружување“ се согласија за многу прашања, пред се оние кои се однесуваат на иднината на двете земји и подобар живот за граѓаните, а ставовите им останаа целосно различни кога е во прашање Косово, иако и околу тоа имаа согласност дека никогаш да имаат исто мислење.

Гостувањето на двајцата премиери во емисијата снимена во Виена за време на Самитот за Западен Балкан минатата недела, го пополни и Горан Свилановиќ, како генерален секратар на Советот за регионална соработка, пренесува Фена.

Вучиќ и Рама порачаа дека несогласувањето на двете држави по прашањето за Косово не смее да ги оневозможува дијалогот и соработката, оценувајќи дека односите меѓу Србија и Албанија не се најголем проблем на Балканот.

Вучиќ смета дека најтешко балканско прашање е Босна и Херцеговина.

– Мислам дека БиХ ќе биде најголем проблем и се радувам поради тоа. Ние имаме одлични односи со БиХ, ја сакаме Република Српска, се плашам но сметам дека сум во право, истакна српскиот премиер.

Свилановиќ, исто така, оцени дека функционалноста на БиХ е голем проблем.

– Косово има барем рамка за решавање на проблемот, а тоа е Бриселскиот дијалог, а во случајот со БиХ ниту тоа не постои, нагласи Свилановиќ.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous На фестивал во Хрватска запленети поголеми количини дрога
Next Британски туристи уапсени во Турција заради помагање терористи

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.