Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • В четврток истекува рокот за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии

В четврток истекува рокот за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии

1 min read
В четврток истекува рокот за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии

Скопје/Охрид, 17. јануари 2023 (ИНПРЕС) – В четврток истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии, што го објави министерстото за транспорт и врски.

Јавното отворање на барањата ќе се одржи в петок, 20-ти јануари, во 12:00 часот. За разлика од претходно ќе можат да се изберат повеќе авиокомпании чии летови ќе бидат субвенционирани.

Согласно повикот, државата ќе доделува субвенции од седум евра по патник за нови авиолинии што ќе бидат воведени на Скопскиот аеродром и по 4,5 евра по патник од аеродормот во Охрид, во наредните три години. За годинава во буџетот се предвидени 1,1 милион евра за оваа намена.

Заинтересирани авиокомпании за учество на повикот треба да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на ЕУ, согласно прописите за издавање уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници и остварен профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година. Исто така да достават изјава заверена на нотар за дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка.

– Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Ќе се доделува финансиската поддршка од седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од „Меѓународниот аеродром Скопје“ и од 4,5 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, информира ресорниот министер Благој Бочварски.

Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје, не треба биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони од и до Скопскиот аеродром. Истото важи и за новите дестинации од Охридскиот аеродром за кои ќе се додели финансиската поддршка.
Авиопревозникот кој ќе биде избран да користи субвенции е должен секоја нова дестинација воспоставена од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува финансиската поддршка, да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање. да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, а на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт и врски за своето работење.

Последниот од трите договори за субвенционирани летови што на тендер ги доби унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“ заврши на 1 март годинава. Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66.584.935 денари, во 2020 година 21.098.924 денари, во 2021 година 10.475.649 денари, а годинава не се исплатени средства. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Четврток, 19-ти јануари, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија
Next Водоводната пумпна станица „Свети Еразмо“ нема да работи до 10-ти февруари

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.