Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Германија: За грчкиот долг може да се преговара, намалување нема

Германија: За грчкиот долг може да се преговара, намалување нема

1 min read

Атина, 9. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Претставници на германската канцеларка Ангела Меркел објаснија дека остануваат отворени за дискусија за начинот на плаќање на грчкиот долг, кога ќе биде избрана новата влада, но ја отфрлија опцијата тој да биде намален.

Според последните препораки на двете најголеми германски партии, „најверојатно треба да му се помогне на Самарас, кој, за разлика од лидерот на СИРИЗА Ципрас сака олеснување на плаќањето, но не и простување на долгот“.

– Ќе се разговара со новата влада, која ќе победи на изборите. Ќе се разговара за намалување на каматите на кредитите и продолжување на роковите за исплата, изјави социјалдемократот Ингрид Арнд Брауер, кој ја предводи комисијата за буџет во германскиот парламент.

Претходно во јавноста се појавија информации дека германската влада развива план за дејствување при евентуално напуштање на грција на Еврозоната, ако опозицијата победи на предвремените парламентарни избори закажани за 25-ти јануари. Неодамна магазинот „Шпигел“ објави дека германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле не ја исклучуваат опцијата Грција навистина да ја напушти Еврозоната. Од германската Влада овие информации ги нарекоа „сценарио, базирано на шпекулации“. Извори од Еврокомисијата посочија дека законодавството на ЕУ не предвидува откажување на членството на која и да е држава од монетарната унија. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Студот затвори училишта и патишта во Грција и Кипар
Next Минатата година 132 лица под истрага за тероризам во Косово

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.