Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Граѓанските здруженија во Тирана доставија потписи за почиста Југоисточна Европа

Граѓанските здруженија во Тирана доставија потписи за почиста Југоисточна Европа

Тирана, 17. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Група здруженија на граѓани од Југоисточна Европа доставија преку 16.000 петициски потписи до Мигел Ариас Кањете, ЕУ комесар за енергија и климатски промени и копретседавач на Министерскиот совет на Енергетската заедница во Тирана, Албанија.

Регионалната петиција има три барања: подобрување на енергетската ефикасност во домовите, чистење на енергетските системи од корупција и усвојување на климатските цели на Европската Унија. Петицијата ја потпишаа 16.230 граѓани од земјите од регионот, кои се членки на Енергетската заедница.

Петицијата симболично беше испорачана на состанокот на кој Министерскиот совет го одобри Патоказот за иднината на Енергетската заедница. Истиот вклучува планови за усвојување на дополнителна легислатива од областите заштита на животната средина и јавни набавки, подобрувања на контролните механизми за државна помош. Сите овие мерки имаат суштинско значење за да се стави крај на пониските еколошки стандарди (во споредба со ЕУ), чии последици ги трпат граѓаните во регионот, како и да се сопре трошењето на јавни пари за поддршка на валкани извори на енергија. Сепак, усвоениот документ не открива многу детали за тоа како овие планови ќе се остварат и не се обврзува на неопходното зајакнување на постоечкиот механизам за примена на законите на Енергетската заедница.

– Граѓаните на Македонија го дишат најзагадениот воздух во Европа; загадувањето само од суспендирани честички (ПМ10) ја чини домашната економија 253 милиони евра годишно, во 2011 г. тоа претставувало 3,2% од БДП – во истиот период РЕК Битола испуштила над десет пати повисоки емисии на ПМ10 од максимално дозволените законски граници. И покрај сето ова, наместо инвестиции во енергетска ефикасност, за нашата држава приоритетни се инвестициите во термоелектрани, не водејќи сметка дури ни за фактот дека Македонија има потврдени резерви на лигнит за помалку од 20 години. Навистина е крајно време за енергетска политика која ќе води сметка за квалитетот на живот на граѓаните и ќе има економска логика, порача Искра Стојковска од Фронт 21/42. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Словенија ќе прима ограничен број на бегалци неделно
Next Во Албанија запленета 3,2 тони дрога

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.