Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 8. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Грција побара од ЕУ дополнителна финансиска помош поради контра-санкциите наметнати од страна на Русија.
Средствата ќе одат за надомест на грчките фармери, кои регистрираа сериозни финансиски загуби, откако Москва забрани увоз на голем број стоки од земјите-членки на ЕУ.
Барањето на Атина за доделување на дополнителна помош ќе биде разгледано на 10-ти ноември во Брисел, за време на седницата на министрите за земјоделство на земјите-членки на Европската унија.
Контра–санкциите на Русија ги ставија пред сериозно искушение земјоделците во многу земји од ЕУ. Според експертите, ембаргото за увоз на производи може да доведе до хиперпродукција во земјоделството во Данска, а сериозни удари трпат и земјоделските производители во Франција, Шпанија и Португалија. Неодамна министерката за земјоделството на Шпанија истакна дека извозот на шпански портокали е преполовен. (Крај)
извор: АФП фото: АП
