Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 10. јули 2015 (ИНПРЕС) – Алексис Ципрас синоќа, во договорениот рок, го достави планот за реформи за да може Грција да добие 50 милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) за период од три години.
Планот на Атина е сличен на тој од 25 јуни, план што тогаш го презентираа кредиторите и кој беше отфрлен на референдумот на 5 јули.
Грција предлага ДДВ од 23 отсто за рестораните и намалено ДДВ од 13 отсто за хотелите, основните прехрамбени производи и енергијата. На островите ќе биде постепено избришано намалувањето на ДДВ од 30 проценти со тоа што ќе се почне од најбогатите острови.
Пензиите се важен дел од оваа програма. Се планира намалување на трошоците од 0,25 отсто до 0,5 отсто од бруто националниот производ (БНП) во 2015 година и од 1 процент од БНП во 2016 година. Во пензија ќе се оди на 67 години од 2022 година. Владата бара бришење на додатокот на пензија за најниските пензии од 2019 година наместо 2018 година. Додатокот на пензиите ќе биде замрзнат до 2021 година а здравствените придонеси ќе паднат од 6 на 4 проценти.
Програмата предвидува амбициозни реформи, кои Владата одамна ги има прифатено, за даночната администрација пред се. Реформите на пазарот на труд ќе бидат усогласени според правилата на ОЕЦД.
Предвидено е и покачување на даноците, за фирмите од 26 на 28 отсто како и за бродските компании и луксузните производи. Ќе има и нови приватизации. Воените трошоци ќе бидат намалени за 100 милиони евра годинава и за 200 милиони во 2016 година. (Крај)
извор: Guardian/novinite фото: архива
