Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 12. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Грција е уверена дека може да се договори со своите партнери за време на седницата на Еврогрупата закажана за 16-ти февруари.
– Грција е уверена во можноста да се договори околу новите услови за финансирање на земјата во преодниот период до постигнување на конечен договор, изјави портпаролот на Владата Габриел Сакеларидис за телевизијата „Скај“.
Според него, „климата за Грција се промени и сега е време за вистинска дискусија за суштината на програмата“.
– Ние понудивме разумен предлог, што е од корист, не само за грчкиот народ, туку и за цела Европа. Постои волја и убедување од страна на грчката влада дека во понеделник, на 16-ти февруари, ќе се донесе одлуката, изјави Сакеларидис. (Крај)
извор: АФП фото: АП
