Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Данај: Време за обединување на Албанците

Данај: Време за обединување на Албанците

1 min read

Тирана, 10. мај 2015 (ИНПРЕС) – Албанскиот политичар и лидер на Листата за природна (Голема) Албанија Кочо Данај, тврди да зад „војната во Куманово“, стои македонската власт и смета дека „дошло време за обединување на Албанците“.

Анализирајќи ги последните настани во Република Македонија, креаторот на Платформата за природна Албанија, за албански „Сот“ вели дека „зад се` стои премиерот на Република Македонија Никола Груевски“, кого тој го нарекува „фашист“ и го споредува со Адолф Хитлер.

Данај бара поголем ангажман од албанските политичари, не само од Тирана, туку и од Приштина, Скопје и Улцињ за да се стопира, како што тој вели, „планот на Груевски“.

Изразувајќи недоверба кон албанските политичари во Македонија, за кои вели дека „му се верни на Груевски“, Данај тврди дека странците ќе поддржат било кое решение кое Албанците ќе го одберат за себе. Тој потсетува дека претходно ги најавил немирите во Македонија и тврди дека не е случајно што истите започнаа на Денот на победата над фашизмот.

– Станува збор за Денот на победата над фашизмот и 70-годишнината од победата над диктаторот Адолф Хитлер. Сега е вистински момент Европската унија, демократските влади во регионот, албанската влада во Тирана, на Косово и Албанците во Македонија конечно да разберат дека во време додека се` слави победата над фашизмот, во денешна Македонија цвета фашизам во неговиот најчист и најнеискривен облик, наведува Данај.

 Mapa "prirodne" Albanije

Сите кои ја поддржуваат актуелната влада на Груевски, Данај ги смета за соработници на фашизмот и антиалбанци и додава дека Албанците „ги имаат сите права да ги употребат сите средства за да го урнат Груевски од власт“.

– Доколку во Брисел има луѓе, политичари кои со тоа не се согласуваат, тогаш треба да им укажеме дека и тие се соработници на фашизмот. Очекувам влошување на состојбата во Македонија, а што се однесува до Груевски го очекува „крвав крај“. Тоа им се случи на сите кои делуваа против Албанците, вели Данај.

Тој гледа само едно решение за Албанците во Македонија – обединувањето.

– Тоа е единствениот начин за спас на Албанците од македонскиот шовинизам и фашизам. Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев се разликуваат по бруталноста, но не се разликуваат по нивниот став кон Албанците. Двајцата се подеднакво шовинисти, фашисти, непријатели и имаат иста тактика, додава Данај, кој има замерка и до албанските политичари во Скопје, за кои вели дека реагирале „многу млако“.

– Тие не треба да чекаат да бидат убиени уште неколку Албанци и Груевски со својата машинерија да направи комплетен масакр. Албанците имат само еден пат, а тоа е конечно да се одвојат од Македонија.

– Нема друг пат. Странците ќе го прифатат секое решение кое ќе го изберат Албанците. Албанците, не албанските политичари, соработници на Груевски, наведува Данај. (Крај)

извор: novosti.rs фото: архива

Post navigation

Previous Јанјиќ: Терористите нема да застанат во Куманово
Next Бугарски аналитичари – Бугарија да излезе со став за нападот на границите на било која држава

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.