Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Дацешин: Охрид – таму каде што живее душата на македонскиот народ

Дацешин: Охрид – таму каде што живее душата на македонскиот народ

Охрид, 26. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Охрид е сигурно еден од најубавите градови на Балканот, град каде што живее душата на на македонскиот народ. Вака светски познатиот туристички блогер Роберт Дацешин го опишува нашиот град, во третото објавено видео од посетата на Република Македонија.

Вели дека добри десет години имал желба да го посети Охрид и тоа му се остварило. Сѐ што слушнал за градот биле убави работи и во суперлатив, па имал големи очекувања од посетата, што на крај сепак биле вистинити.

– Секој кој бил во Охрид на прашањето „како ти се допадна“ ми одговараше во суперлатив, фалејќи ја историјата, храната, луѓето и секој дел од овој македонски град. Од сите тие приказни, да бидам искрен и моите очекувања од градот беа прилично големи. Очекувањата понекогаш се непријатна работа, бидејќи можеш и да се разочараш ако не биде така како што си замислувал. Она што можам да ви кажам после неколку дена додека бев овде, е воодушевување од она што го видов и го ставам Охрид во редот на најубавите градови штосум ги посетил во животот, вели Дацешин.

Во видеото зборува за историјата на Охрид, езерото, изработката на познатиот охридски бисер. Приказната ја продолжува во Заливот на коските, изворите и манастирот Св.Наум, а опфатени се и црквата Св.Јован Канео и Самоиловата тврдина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Завршија Куп натпреварите во националниот систем за охридските стрелци
Next „Чекајќи го Годо“ утревечер премиерно на репертоарот на Народен театар Охрид

Слични вести

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.