Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска во Струга ќе се одржи традиционалната Ѓурѓовденска литија – Еордија

Денеска во Струга ќе се одржи традиционалната Ѓурѓовденска литија – Еордија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Струга, 7. мај 2024 (ИНПРЕС) – Моштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона и годинава, денеска, на 7-ми мај, на вториот ден од празникот Ѓурѓовден ќе ја благословат Струга, со што продолжува црковната манифестацијата што традиционално се одржува секоја година.

Во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, претходно ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, по која ќе следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона и Крнинската икона на Богородица.

Моштите на Светиот Победоносец Георгиј ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани и од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот Манастир, облечени вораскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Св. Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Св. Георгиј Победоносец.

Во 16:00 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, што ќе започне веднаш по богослужбата во 17:00 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата

На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, а настап ќе има Ансамблот „Македонија“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Аеродром во Јапонија не изгубил ниедно парче багаж откако е отворен во 1994 година
Next Атлетичарот Јован Стојоски го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки стар 44 години

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.