Охрид, 1. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Нова акција за собирање текстилен отпад.
Граѓаните во текот на денешниот ден ќе може да ја остават старата облека во специјалните контејнери поставени на неколку локации.
– Локации каде може уредно да ја одложите старата облека во контејнерите на Тексомак, поставени на неколку локации: задниот двор на КАМ Вилиџ, дворовите на Гимназијата, СОСУ „Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како и во дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Ванчо Николески“ – Лескоец. Одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Напомена: Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
Текстилниот отпад е еден од најбрзорастечките видови отпад денес, а само околу 12% од целиот текстилен отпад се рециклира. Облеката што ја носиме сè пократко најчесто завршува на депонии и ѓубриштата, наместо повторно да се користи. Таму, текстилот се распаѓа многу бавно (до 200 години за синтетичките материјали), при што ослободува метан, гас што придонесува за климатските промени, како и исцедок што ја загадува почвата и подземните води со токсични материи. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
