Атина, 27. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Генерален 24 часовен штрајк ќе ја блокира денес Грција.
Штрајкот е насочен против политиката на штедење во земјата.
Во штрајкот ќе учествуваат државни и приватни службеници, лекари, наставници, банкарски службеници. Авиокомпанија Aegean укинува 97 внатрешни и 65 меѓународни летови, а бродовите остануваат на сидро.
Кон штрајкот се приклучуваат и вработените од градскиот транспорт. (Крај)
извор: БГнес фото: архива
