Љубљана, 29. април 2015 (ИНПРЕС) – Поради обилните снежни врнежи во Словенија без електрична енергија останаа десетици илјади семејства и фирми, главно во регионите на Љубљана и Дравоград, има проблеми во сообраќајот и бројни несреќи, а голема е и опасноста од снежни одрони на високите планини.
Метеоролозите за денес и утре најавуваат смирување на времето но со задржување на ниските температури, но снег во некои делови од земјата сѐ уште паѓа.
Поголемот дел од земјата е под снежна покривка дебела просечно по 25 сантиметри, а во горските предели и до 40. Поради тежината на снегот се кршеле и паѓале гранки од дрвјата, предизвикувајќи прекини во сообраќајот на повеќе локални патишта, како и прекини на електричните водови. (Крај)
извор: МКД.мк фото: архива
