Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ДИЖС: Впишувањето на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато на Светска Рамсарската листа значи препознавање на богатиот биодиверзитет и поодговорно управување

ДИЖС: Впишувањето на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато на Светска Рамсарската листа значи препознавање на богатиот биодиверзитет и поодговорно управување

1 min read
ДИЖС: Впишувањето на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато на Светска Рамсарската листа значи препознавање на богатиот биодиверзитет и поодговорно управување

Скопје/Охрид, 2. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Впишувањето на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато на Светска Рамсарската листа значи меѓународно признавање и препознавање на специфичниот и богатиот биодиверзитет и ендемичните и ретки видови како и присуство на голем број на живеалишта и видови од национално и ЕУ значење на ова подрачје, порачаа од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), по повод 2-ри февруари – Светскиот ден на водните живеалишта.

– Од друга страна, тоа води кон негово помудро и поодговорно управување, подобрување на еколошкиот карактер на подрачјето и заштита на видовите и живеалиштата, поттикнување на научно истражувачки дејности и меѓународна соработка, што секако ќе го зголеми публицитетот и вреднувањето на подрачјето, ќе ја зголеми понудата за еко туризмот во регионот, а со тоа ќе се отвораат и поголеми можности за социо-економски развој и за финансирање, додаваат од инспекторатот.

Република Македонија ја ратификуваше Рамсарската Конвенција за водни или блатни живеалишта од меѓународна важност во 1991 година. Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, земјава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25 205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебрца.

Инаку, 2-ри февруари се одбележува како Светски ден водните живеалишта од усвојувањето на Конвенцијата за водни живеалишта во 1971 година, во иранскиот град Рамсар на бреговите на Каспиското Море. Секоја година почнувајќи од 1997 година, Секретаријатот на Рамсарската има обезбедено материјали, што им помагаат на владините агенции, невладини организации, други бројни организации и групи на граѓани да делуваат и помогнат во подигнување на јавната свест за важноста и вредноста на водните површини.

Водните живеалишта често се гледаат како пречка за земјоделство, и тие и понатаму продолжуваат да се исушуваат и рекултивирааат за да се направи земјоделско земјиште на располагање. Но, суштинската улога на овие површини во поддршка на земјоделството станува појасна и појасна, и постојат успешни земјоделски практики кои го поддржуваат сочувување на состојбите на водните живеалишта. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Објавен повикот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Next Утре отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.