Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Директна авиолинија Скопје-Букурешт и поврзување со аеродромот во Охрид, една од темите на средбата Николоски-Аксинте

Директна авиолинија Скопје-Букурешт и поврзување со аеродромот во Охрид, една од темите на средбата Николоски-Аксинте

1 min read
Директна авиолинија Скопје-Букурешт и поврзување со аеродромот во Охрид, една од темите на средбата Николоски-Аксинте

Скопје/Охрид, 25. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата се разговараше за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите.

Станало збор и за воспоставување на директна авиолинија Скопје – Букурешт како и поврзување со аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

– Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа. Се истaкна и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, притоа министерот Николоски потенцира дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата, соопштија од министерството за транспорт.

Додаваат дека биле потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји, а била нагласена потребата од интензивирање во дејностите од заеднички интерес за двете земји. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро неколку дена е на природната кота 693,17 м.н.в
Next Претставата „Кумови“ повторно на репертоарот на 31-ви октомври

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.