Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Сараево, 30. јули 2015 (ИНПРЕС) – Членот на колективното претседателство, Бакир Изетбеговиќ е најголемата пречка за сите процеси во земјата и тој сака да стане Босна и Херцеговина шариатска држава, изјавил претседателот на Република Српска, Милорад Додик, цитиран од српската редакција на Телевизија N1.
Во коментар на изјавата на Изетбеговиќ Додик изјави дека како претседател има права и обврски да ги брани овластувањата на Република Српска.
– Изетбеговиќ пред неколку дена изјави дека продолжува со политиката на својот татко. Тоа значи дека треба да бидеме внимателни, бидејќи не сакаме еднонационална Босна и Херцеговина, не сакаме шариатска држава. Нас не интересира Босна и Херцеговина до толку, до колку е предвиден Дејтонскиот договор, изјави Додик. (Крај)
извор: rts фото: архива
