Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Државна матура ќе се полага на 27-ми мај и 10-ти јуни

Државна матура ќе се полага на 27-ми мај и 10-ти јуни

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 31. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Матурантите ќе полагаат државна матура на 27-ми мај и 10-ти јуни, во рамки на јунската испитна сесија.

Според објавата од Државниот испитен центар (ДИЦ), на 27-ми мај ќе се полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10-ти јуни математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Согласно календарот за организација на оваа учебна година, интерните испити од изборниот дел на државната матура се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии и тоа:
– во јунскиот испитен рок во периодот од од 13-30 јуни 2023 година и
– во августовскиот испитен рок во периодот од 15-18 август 2023 година.

Презентацијата и одбраната на проектната задача за учениците од гимназиско образование, средно стручно образование и уметничко образование се реализира во периодот од 10-ти март до 12 мај 2023 година и од 18-ти до 24 август 2023 година.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека наставната програма целосно ќе се реализира и целосно ќе се реализира сѐ што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ОУ „Григор Прличев“ се подготвува за одбележување на патронатот
Next ГФК Охрид Лихнидос ќе одигра пријателски меч со Брегалница

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.