Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерското ниво за една недела порасна за 8 сантиметри, но и понатаму е под просекот за јануари

Езерското ниво за една недела порасна за 8 сантиметри, но и понатаму е под просекот за јануари

Езерското ниво за една недела порасна за 8 сантиметри, но и понатаму е под просекот за јануари

Охрид, 30. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Изминатиов период се бележи константен раст на нивото на водата во Охридското Езеро.

Па, така во изминативе седум дена е покачено за осум сантиметри. Но, сепак и покрај подобрувањето на хидролошката состојба, водостојот и натаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,27 м.н.в, што е за 11 сантриметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в), односно 17 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 8 степени, за степен повисока од месечниот просек.

Полека, но сигурно количината на вода се зголемува, па Билјанините извори го враќаат ликот. Од крајот на септември до втората половина на декември минатата година од овој препознатлив симбол на Охрид периодично сосема малку или речиси воопшто не истекуваше вода. Сега состојбата е различна.

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Следува период на променливо облачно и студено време. Утре локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи претежно од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Курсеви за програмирање наменети за деца ќе се одржуваат во Касарна Хаб
Next ОУ „Григор Прличев“ се подготвува за одбележување на патронатот

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.