Атина, 16. март 2016 (ИНПРЕС) – Европската комисија констатира дека Грција не успева да ги чува надворешните граници по вчерашниот инцидент на границата со Македонија.
Вчера околу 600-700 лица илегално упаднаа во Македонија недалеку од Идомени, а во инцидентот дојде и до три смртни случаи.
Портпаролката на ЕУ Мина Андреев во одговор на новинарско прашања ја повика Грција да вложи уште напори за обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ, вклучувајќи конкретно и со Македонија.
– Ситуацијата уште не е на задоволително ниво, рече таа. Во исто време во име на ЕК таа ги повика македонските власти да продолжат со заштитата и да не допуштаат незаконски преминување на границата. (Крај)
извор: Локално фото: архива
