Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • ЕК – Нема да ја држиме Грција во еврозоната по секоја цена

ЕК – Нема да ја држиме Грција во еврозоната по секоја цена

1 min read

Брисел, 19. март 2015 (ИНПРЕС) – Европската комисја целосно ја поддржува идејата да им се помогне на најсиромашните луѓе во Грција и не наметнува „никакво вето” врз мерките коишто владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас ги подготвува, изјави еврокомесарот за финансиските прашања, Пјер Московици, пренесува AFP.

На овој начин Московици одговори на медиумските пишувања дека Брисел нема да и дозволи на Грција да го изгласа предлог законот за помош на најсиромашните Грци кои се погодени од кризата.

Московици, исто така, нагласи дека Европската унија (ЕУ) не е подготвена да ја задржи Грција во еврозоната „по секоја цена“, но истовремено потенцираше дека грчкиот излез од еврозоната би и’ предизвикал голема штета на монетарната унија.

– Нема да ја задржиме Грција во еврозоната по секоја цена, туку според строги услови кои се прифатливи за двете страни, рече Московици, додавајќи дека потенцијалниот трет пакет на помош ќе мора да биде поинаков од претходните два. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Грција не сака да го прими Нимиц за преговори
Next Дачиќ: Немаме намера да влегуваме во НАТО

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.