Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 3. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Грција мора да ја напушти еврозоната, доколку не ги исполни барањата на доверителите, рече заменик-претседателот на Европскиот парламент, Александар Ламбсдорф.
Владата во Атина на Алексис Ципрас изјави дека земјата не може да ја отплати последната транша на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 300 милиони евра, чиј рок на достасување е на 5 јуни.
Јужноевропската држава на ММФ треба да и префрли уште 1,5 милијарди евра до 19 јуни. Германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и раководителите на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги и ММФ Кристин Лагард, разговараа доцна синоќа во Берлин за конечната верзија на договорот меѓу Тројката (ЕК, ЕЦБ и ММФ) и Атина што ќе им овозможи на Грција да остане во еврозоната. (Крај)
извор: МИА фото: архива
