Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Заедничка средба на премиерите на Србија, БиХ и Турција

Заедничка средба на премиерите на Србија, БиХ и Турција

1 min read

Нови Пазар, 29. декември 2015 (ИНПРЕС) – Премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Турција, Ахмет Давутоглу и на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ денеска ќе се сретнат во српскиот град Нови Пазар.

Првично беше предвидено тројцата премиери да имаат средба во Белград, но Прес-службата на српската Влада синоќа соопшти дека таа е откажана.

Наместо тоа Вучиќ, Давутоглу и Звиздиќ денеска ќе престојуваат во Нови Пазар, град во западна Србија, каде мнозинството од жителите се Бошњаци.

Пред трилатералната премиерска средба, Вучиќ и Давутоглу ќе разговараат со новопазарскиот градоначалник Фарук Суљевиќ, при што според најавите, ќе стане збор за можностите за нови турски инвестиции во Нови Пазар и за зајакнување на економската соработка.

Суљевиќ во изјава за Танјуг нагласи дека локалните власти на Нови Пазар сакаат да му се заблагодарат на Давутоглу за се она што го направила турската развојна агенција за Општината. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Ѓукановиќ покрена проверка на довербата во Владата
Next Дачиќ: Нема да ја поддржиме кандидатурата на Керим и на Пусиќ за генерален секретар на ОН

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.