Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Запленети 100 килограми кокаин на најголемиот кокаински картел на Балканот

Запленети 100 килограми кокаин на најголемиот кокаински картел на Балканот

Елбасан, 16. јануари 2015 (ИНПРЕС) – На 70 километри оддалеченост од Струга во близина на Елбасан во Албанија, кој е само половина час оддалечен од македонската граница, внукот на Енвер Хоџа заедно со припадници на колумбиската мафија го држеле најголемиот кокаински картел на Балканот.

Полицијата притоа запленила 100 килограми кокаин, што е најголемо запленето количество кокаин во Албанија, јави Ројтерс.

Групата била уапсена во текот на ноќта во фабриката што ја направила меѓу штали со добиток во Елбасан, во близина на Тирана, јавија полицијата и албанските медиуми.

Саимир Батку, наводниот „мозок“ на групата, бил фатен додека бегал со автомобил со 18 килограми кокаин, 300.000 евра и пиштол, изјавил портпаролот на албанското Министерство за внатрешни работи, Флорион Серјани.

Полицијата соопшти дека меѓу уапсените е и Ермал Хоџа, внукот на Енвер Хоџа. (Крај)

извор: Дневник фото: архива

Post navigation

Previous Фајненшл тајмс: Балканот е најслабата точка на Европа
Next Борисов – Ја поддржуваме Македонија кон ЕУ интеграцијата

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.