Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започна постапката за воведување директна авионска линија од Саудиска Арабија

Започна постапката за воведување директна авионска линија од Саудиска Арабија

Започна постапката за воведување директна авионска линија од Саудиска Арабија

xr:d:DAFZGlvh7T0:299,j:2327651043428480735,t:24011902

Скопје, 18. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија.

– Целта на спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Би сакале да потенцираме дека досега меѓу двете држави, не се одржувал воздушен сообраќај. Со спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди, информираат од министерството.

Македонија и Саудиска Арабија негуваат пријателски односи, со заемна заложба за унапредување на економската и трговска соработка, зголемување на инвестициите како и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Се очекува дека воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји ќе придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.

Склучувањето на вакви спогодби во меѓународни рамки претставува важен инструмент за унапредување на поврзаноста меѓу државите и зајакнување на економската, политичка и институционална соработка.

Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство. (Крај)

извор: Министерство за транспорт фото: архива

Post navigation

Previous Останаува на сила забраната за користење на водата во Струга
Next Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри

Слични вести

Утре показна вежба за евакуација по случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност Утре показна вежба за евакуација по случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност

Утре показна вежба за евакуација по случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност

Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри

Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри

Останаува на сила забраната за користење на водата во Струга Останаува на сила забраната за користење на водата во Струга

Останаува на сила забраната за користење на водата во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.