Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнуваат уписите за есенскиот циклус на програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Започнуваат уписите за есенскиот циклус на програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

1 min read

Охрид, 4. септември 2023 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид од денес започнува со уписи за есенскиот циклус на програмата „Полетарче“ за деца на возраст од 3-5 години.

Преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

– Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно. Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др. Есенскиот циклус од програмата трае 3 месеци со изведување на вкупно 12 часови, по еден час седмично, во траење од 45 минути, информираат од охридскиот Црвен крст.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 072/246-175, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат и на отворениот ден за програмата „Полетарче“, што ќе се реализира на 11-ти септември од 18:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 4. септември 2023 година
Next Со претставата „Сергеј е многу глупав“ охридскиот театар во четврток ја започнува новата сезона

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.