Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

1 min read
Започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Охрид, 9. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во селото Велгошти започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“, во чест на две личности кои оставија голема трага во нашата заедница.

– Турнирот се организира во чест на Васко Речкоски-Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор на ООУ „Живко Чинго“ од селото Велгошти, како знак на почит за нивниот придонес и вредностите што ги пренесуваа на младите. Овој турнир веќе 10 години е едно од најпрепознатливите спортски случувања во регионот, а е наменет за деца и младинци до 19 години, со цел преку спорт, дружење и фер-плеј да се продолжи нивниот дух и традиција, информираат организаторите.

Ќе учествуваат 20 екипи поделени во 6 групи. Натпреварите од групната фаза ќе се играат до 17. јуни, со по три односно два натпревари дневно. Според распоредот, вечерва од 20:00 играа Кибо Пласт и Когнос, од 21:00 Чардак Велгошти и ФК Марсеј, а од 22:00 часот екипите на Димитар Црвенкоски и Мартиник мебел.

Наградниот фонд е 103 000 денари, за прво место 60.000, за второ 25.000, трето 12.000 и за четврто место 6.000 денари. Предвидени се и индивидуални награди за најдобар стрелец, голман и играч на турнирот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
Next Од денес до 16. јуни времена забрана за сообраќај во стариот дел на градот

Слични вести

Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“ Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“

Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“

Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.