Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 16. април 2016 (ИНПРЕС) – Во повеќе градови во Србија во екот на предизборната кампања, се одвиваше голема полициска акција наречена „Скенер 2“ во која се уапсени 49 лица осомничени за корупција и злоупотреба на службената положба во државните органи.
По две лица сеуште се трага , а против 27 се поднесени кривични пријави во редовна постапка -потвди на прес конфернцијата минстерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
– Меѓу уапсените се наоѓаат раководители вработени во Министерството за финансии, во Даночната управа, во некогашното Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, функционери на локалната самоуправа, јавни претпријатија, Патишта Србија, Електростропанство Србија, Пошта на Србија, Електросмет, како и 12 сообраќајни полицајци, изјави Стефановиќ.
Сите овие лица од 2007-мата направиле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Србија и Војводина, како и повеќе стопански субјекти и физички лица во износ од околу 7, 6 милиони евра- изјави Стефановиќ. (Крај)
извор: МРТВ фото: архива
