Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика: Започна Ohrid Jazz Festival

Затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика: Започна Ohrid Jazz Festival

1 min read

Охрид, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – Со стартот на Ohrid Jazz Festival, синоќа се потврди дека во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика.

Фестивалот кој е во организација на Општина Охрид ќе трае два дена и по синоќешниот настап на отворањето на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“, со Танче Гроздановски и Ратко Даутовски како гости, вечерва сцената е резервирана за Џон И. Апелгрен квартет.

На свеченото отворање пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

– Особено не радува фактот што Охрид како најважен духовен и културен центар во нашата држава е домаќин и поддржувач на вакви културно-уметнички настани кои го привлекуваат вниманието на гостите и го збогатуваат културниот мозаик на градот. Џезот е важен дел од светската музичка историја, но се уште има многу силно влијание врз сите останати музички стилови и правци, па затоа заслужува големо внимание и почит. Се радувам што Охрид ги согледува современите музички трендови и отвора една нова фестивалска сцена, на која ќе може да настапат врвни и докажани џез музичари. Џез музиката е жанр кој се карактеризира со својата слободна експресија и комплексни хармонии кои приредуваат вистинско уживање за слушателите. Убеден сум дека во текот на овие два фестивалски дена, овде во преубавиот амбиент на предворејто на црквата „Света Софија“ ќе имаме можност да проследиме изведби на квалитетни музичари, кои преку посебно избрана програма ќе не однесат на незаборавно џез патување. Оваа можност би сакал да ја искористам и да им се заблагодарам на организаторите и на овогодинешните учесници, кои со својата волја и ангажираност го поставуваат нашиот град на пијадесталот на привлечни дестинации за љубителите на џез музиката. Искрено се надевам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе стане препознатлив дел од културната понуда на Охрид. Како и до сега, така и во иднина, нашата локална самоуправа ќе биде секогаш подготвена да ја даде потребната поддршка на вакви креативни проекти, истакна Божиновски во своето обраќање.

Ohrid Jazz Festival се одржува во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Посакуваме да трае и да биде вистински противотров за целиот музичко-забавен „отров“ кој ни беше сервиран во текот на летните месеци. Охрид тоа го може, го знае и треба да ги надмине ситните интереси на поединци.

Во Охрид секогаш се слушала и пуштала најдобрата музика, нека остане така…

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започнува јубилејното, 30 издание на музичкиот фестивал „Охрид Фест“
Next Градоначалникот Пецаков по повод почетокот на учебната година: Образованието е клучот кој отвора нови врати, верувајте во своите способности

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.