Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Збогум Буково“: Во сабота консултативна средба и дискусии за соодветно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“

„Збогум Буково“: Во сабота консултативна средба и дискусии за соодветно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“

1 min read
„Збогум Буково“: Во сабота консултативна средба и дискусии за соодветно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“

Охрид, 4. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“, а во организација на иницијативата „Збогум Буково“ и нејзините поддржувачи во сабота, 9-ти ноември на градскиот плоштад од 12:00 часот ќе одржат консултативна средба и дискусии за потребата итно да се интервенира за соодветно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“.

– На овој настан ќе добиете можност да ја изразите својата поддршка на основната мисија на нашето здружување, а тоа е распознавање на сериозноста од ненавременото решавање на проблемот со дивите депонии Буково и Мауцкер, уште посериозната потреба за надминување на сите пречки за започнување на изградбата на Регионалната депонија и важноста од санирање и ремедијација на дивите депонии од докажан и сериозен оператор во областа. Сите охриѓани и граѓани од околината ќе добиете можност да се информирате за штетните ефекти на дивите, нестандардни депонии врз нашето здравје и што значи постоењето на стандардна депонија, велат од „Збогум Буково“.

Додаваат дека нивна визијата е Буково да биде место за пикник за идните генерации, наместо извор на загадување и срам за нашата генерација.

Иницијативата „Збогум Буково“ досега е поддржана од над 50 организации, месни заедници и голем број на граѓани. Неодамна јавно побараа од Општина Охрид и општините од Југозападниот плански регион најитно да се договорат и вклучат во регионалниот систем за управување со отпад – да се надминат сите административни бариери и да се отвори регионалната депонија во Новаци, со цел да се заштити здравјето на над 50.000 граѓани на општината. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Почина писателката Оливера Николова, авторката на „Зоки Поки“
Next УНЕСКО следната година ќе го разгледува статусот на Охридското Eзеро

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.