Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ в петок ќе го одбележи празникот Свети Сава

Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ в петок ќе го одбележи празникот Свети Сава

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ и годинава ќе го одбележи празникот „Св. Сава“.

За разлика од изминатите две пандемиски години, сега празникот ќе се одбележи како претходно со традиционално со сечење на славската погача и пригодна културно-забавна програма. Воедно, денот е неработен за припадниците на српската заедница во Република Македонија.

– Свеченоста за одбележување на празникот годинава ќе се случува во хотелот „Сити палас“, во петок од 13:00 часот, таму ќе биде присутно свештено лице, ќе се сече славската погача, целата свеченост ќе е таму, вели за Супер радио и InPress претседателот на „Коштана“, Среќко Стојановиќ.

Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои над 300 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат. Српската заедница во Република Македонија е здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје. Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите. Според податоците од последниот попис на населението, домаќинствата и становите во Охрид живеат 281 срби. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Инфо сесија „Со дигитална трансформација до иновација“ утре во Касарна Хаб
Next Дебрца и Вевчани меѓу општините што добија решенија за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.