Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 8. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер беше регистриран во Коринтскиот Залив во Грција.
Епицентарот на потресот бил на 5 километри од брегот на градот Аигио и на 140 километри западно од главниот град Атина.
Нема настрадани во земјотресот, а биле пријавени само полесни оштетувања на некои згради. Во 1995 година Аигио беше во близина на епицентарот на земјотрес со магнитуда од 6,0 степени по Рихтер. Тогаш загинаа повеќе од 20 лица, а беа предизвикани сериозни оштетувања.
Земјотресите се чести на територијата на Грција. Потрес со интензитет 5.8 степени по Рихтер во јануари годинава без покрив остави неколку илјади жители на островот Кефалонија, во Јонскиот архипелаг. (Крај)
извор: АФП фото: архива
