Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • З’ш Авантура од Триглав до Магаро (Фото/видео)

З’ш Авантура од Триглав до Магаро (Фото/видео)

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 5. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Здружението за планинарење, велосипедизам и еко култура „З’ш Авантура“ од Охрид се збратими со неколку словенечки клубови.

Во месец август годинава, амбасадорот на Република Словенија во земјава, проф д-р Милан Јазбец, инаку голем пријател на Македонија, екологист, вљубеник во природата, вљубеник во Охрид, со неколку членови на нашето здружение ја обиколија Галичица.

Zanko3

На покана на Јазбец, следуваше посета на Словенија, поточно експедиција на „З’ш Авантура“ успешно го освои врвот Триглав во Словенија.

zstriglav1

Како круна на ваквите успешни подвизи, „З’ш Авантура“ направи договор за соработка со неколку клубови од Словенија. Па, во возвратна посета на земјава, на крајот на минатиот месец, околу 70 луѓе, заедно со амбасадорот Јазбец го разгледаа Охрид.

Посетата беше на покна на претседателот на Здружението за планинарење, велосипедизам и еко култура „З’ш Авантура“, Жанко Голабоски.

zsavanturaslovenci

slovencinamagaro

– Нивната посета овде ја организиравме како, ако може така да се рече планинарски фестивал. Го насловивме „Словенија над Охрид“. Словенците престојуваа кај нас четири дена. Гостите беа презадоволни, ги однесовме на Магаро, беа восхитени од глетката на Охридското и Преспанското езеро. Следниот ден имаше искачување од Билјанини извори до Висок врв и назад преку Велестово. Покрај тоа, нашите пријатели ги проетавме низ Охрид и околината, ги посетија најзначајните културно-историски знаменитости, Заливот на коските, Свети Наум и сето тоа со професионални водичи, истакна Голабоски.

zsavantura2

Тој потенцира дека за следната година има најава да дојдат уште повеќе планинари и вљубеници во природата. З’ш Авантура“ ќе ја продолжи ваквата пракса и во иднина планира соработка и со други здруженија од ваков тип во земјава и странство. (Крај)

 

 

извор: ИнПрес фото/видео: З’ш Авантура

Post navigation

Previous Ветеринарните комори на Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија во Охрид ќе потпишат договор за соработка
Next Црна Гора има 48 милионери

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.