Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Пријавени 32 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани случаи, во тек е пријавувањето за бесплатна вакцинација

ИЈЗ: Пријавени 32 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани случаи, во тек е пријавувањето за бесплатна вакцинација

1 min read

Охрид/Скопје, 16. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Со почетокот на 40-та недела од 2023 година, започнува и следењето на грипот/ заболувањата слични на грип на неделно ниво, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

На државно ниво пријавени се 32 случаи за заболени од грип.

– Заболените лица оваа недела се првите случаи пријавени во новата сезона и се регистрирани во Дебар – 13, Прилеп – 8, Куманово – 6, Струмица – 4 и Радовиш – 1. За споредба, во 40-та недела од минатата сезона, не беа регистрирани заболени лица, додека во однос на моделот за последните 13 сезони (n=29), се регистрира зголемување од 11,5%, стои во извештајот од ИЈЗ.

Инаку во тек е пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип. Граѓаните кои спаѓаат во петте ризични категории: лица постари од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години ако сакаат да се заштитат од сезонскиот грип со вакцина, можат да се пријават електронски на порталот vakcinacija.mk со пополнување на пријавата и ќе добијат потврда дека се успешно пријавени, а потоа и термин за примање на вакцината.

Вакцинацијата ќе започне во втората половина на месец октомври, а ќе се врши во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), во амбулантата во Охрид, Струга и Дебар, изјави директорот Сашо Точков. Производител на висококвалитетната четиритипна вакцина е Abbot biological од Холандија, вакцините се InfluvacТetra.

Покрај бесплатни и годинава ќе има комерцијални вакцини за заштита од сезонски грип, за што нема да е потребно пријавување. Вакцинирањето и со бесплатни и со комерцијални вакцини ќе започне во ист ден, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

За сезоната 2023/2024, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction). Набавени се и 4.500 дози комерцијални вакцини за останатото население кое не спаѓа во ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во август во Охрид издадени се 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 129 станови
Next Прекин во водоснабдувањето на улиците „Партизанска“ и „Кеј Македонија“

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.