Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Пријавени 45 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

ИЈЗ: Пријавени 45 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

1 min read

Охрид/Скопје, 6. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Во периодот од 23-ти до 29-ти октомври во Република Македонија пријавени се 45 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Заболените лица се регистрирани во: Дебар – 18, Куманово – 16, Радовиш – 3, Прилеп и Тетово – по 2 и Струмица, Гостивар, Кочани и Кавадарци – по 1. Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 16 лица, од 0-4 години – 15, од 5-14 – 10 и над 65 години се 4 лица, стои во извештајот на ИЈЗ.

Оттаму потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани.

Првиот човек на Центарот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков, неодамна за Супер радио и InPress изјави дека е задоволителен досегашниот одзив за вакцинација против сезонски грип, како за бесплатна, така и за комерцијална.

За пациенти кои поради здравствени причини не можат да дојдат на пунктот за вакцинација, мобилна екипа на Центарот за јавно здравје Охрид врши вакцинација во домашни услови, а ваква можност нудат и екипите на Здравствен дом Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Распишан Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година
Next До 8-ми ноември продолжен рокот за аплицирање на конкурсот за Годишните проекти во културата

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.