Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • „Катимерини“: Повторно се зголемува притисокот на границата со Македонија

„Катимерини“: Повторно се зголемува притисокот на границата со Македонија

1 min read

Атина, 2. септември 2016 (ИНПРЕС) – Три месеци по евакуацијата на илјадници бегалци и мигранти од импровизираниот камп на грчко-македонската граница, грчките власти велат дека е забележано зголемување на обидите луѓето илегално да преминат во соседната земја, пишува „Катимерини“.

– Тие доаѓаат со воз до селото Муриес и се обидуваат да преминат преку шумата и по должината на брегот на Дојранското Езеро. Други се обидуваат да ја преминат границата кај селото Хамило, во близина на Идомени, изјавил еден полицаец за „Катимерини“.

Властите, исто така, имаат забележано зголемување на бројот на бегалците и мигрантите кои си заминуваат од камповите и сами или во групи се обидуваат да ја преминат границата, со оглед на тоа што има долги одлагања во системот за бработка на нивните барања за азил. Грчките власти се загрижени дека информациите за успешни обиди за премин на границата можат да поттикнат масовни заминувања од организираните објекти за сместување, пишува весникот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Големо невреме во Словенија
Next Вучиќ: Референдумот во Република Српска ќе се одржи

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.