Струга, 12. мај 2026 (ИНПРЕС) – Во четврток, 14, мај, Македонската филхармонија ќе одржи концерт во Струга.
Најавуваат вечер исполнета со врвна класична музика, емоции и безвременски дела изведени под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
