Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Косовскиот парламент ќе дебатира за ОВК

Косовскиот парламент ќе дебатира за ОВК

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина, 29. мај 2015 (ИНПРЕС) – Парламентот на Косово ќе дебатира за уставните измени за создавање на специјален суд за извршените злосторства од поранешната Ослободителна војска на Косово „ОВК“.

Пратениците од опозицијата најавија дека ќе гласаат против промените, но постои веројатност и пратеници од владејачкото мнозинство да се противат на предлозите за промени во Уставот. Досега 8 пратеници од Демократската партија на Косово најавија дека се против формирање на специјален суд.

Меѓународната заедница предупреди дека ако Приштина не создаде специјален суд, тогаш ќе биде формиран сличен под директива на ОН.

Во парламентот на Косово има 120 пратеници, а за усвојување на уставните измени се потребни гласовите на 80 пратеници. Сите амбасадори на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН ги повикаа властите во Приштина што е можно побрзо да создадат специјален суд кој ќе ги испита извршените злосторства од страна на ОВК.

Во исто време е јасно дека премиерот на Косово, Иса Мустафа побарал од Груевски меѓународна истрага на настаните во Куманово.

Мустафа побарал транспарентен пристап кон прашањето, како и да се истражуваат детално секоја можност за мешање. (Крај)

извор: Фактор фото: архива

Post navigation

Previous Новости – Косовската претседателка знаела за нападите во Куманово
Next Нишани даде согласност за отворање на досиејата

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.