Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Коѕиас: БЈРМ почна да сфаќа дека европските држави ја користат само за свои цели

Коѕиас: БЈРМ почна да сфаќа дека европските држави ја користат само за свои цели

Атина, 2. март 2016 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер Никос Коѕиас смета дека Македонија почнува да разбира дека дел од европските држави само ја користат околу бегалската криза со лажни ветувања.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, за проблемите со бегалците во Грција и за затворените порти за нивен премин во Македонија, Коѕиас оцени дека на почетокот Македонија ги слушала и ги следела инструкциите од земји како Австрија за чување на границите со надеж дека ќе ни помогнат за решавање на отворените прашања, како приемот во Европската Унија и во НАТО.

– Наша проценка е дека на почетокот владата на БЈРМ се возбуди за улогата што ѝ ја доделуваа Австрија, Унгарија и други држави и сметаше дека така ќе го реши својот проблем. Сега оценуваме дека почнуваат да разбираат дека само ги користат. Она што треба да го разберат е дека ако продолжат така, тоа ќе ги чини. Втора работа е дека другите ги користат, а тоа не оди во нивна корист. Едноставно кажано, Австрија им вели „ќе ви помогнеме да влезете во евроатлантските институции“, а Австрија ни самата не е членка на НАТО. Што ќе помогне? Тоа се смешни работи, изјави Коѕиас во интервјуто. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Аврамопулос: Се трудиме да ја контролираме ситуацијата
Next Вучиќ: Предвремените избори во Србија ќе се одржат на 24 април

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.