Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Куќата од „Сам дома“ и по 30 години е „култно место“ за обожавателите и посетителите

Куќата од „Сам дома“ и по 30 години е „култно место“ за обожавателите и посетителите

1 min read

Чикаго, 25. декември 2023 (ИНПРЕС) – И по над 30 години, божиќниот серијал филмови „Сам дома“ (особено првите два филма) важат за класика.

Обожавателите, меѓу другото, се воодушевени од изгледот на семејната куќа на Кевин Мекалистер (Меколи Калкин). Имено, првите два дела делумно се снимени во раскошна куќа во Винетки, близу Чикаго во САД.

Куќата има 10 спални соби и шест бањи. Агентот за недвижности Мариса Хопкинс објави и Јутјуб-видео од куќата и нејзиниот изглед внатре и надвор.

Од внатрешноста на оваа куќа за снимање биле користени дневната соба и големите скалила во ходникот… Зданието повторно стана занимливо за јавноста пред неколку години, кога семејството Абендшиен реши да го продаде, за 2,4 милиони долари. Тие таа куќа ја купиле во 1998 година, за 800.000 долари помалку.

Обожавателите сè уште го посетуваат местото, особено за време на празниците. Пред две години, „Ер-БНБ“ понуди можност за еднодневен престој во самата куќа на Кевин и неговото семејство. Тогаш домот беше уреден исто како во филмот. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Утревечер традиционален новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“
Next Прекин во водоснабдувањето на дел од булевар „Туристичка“

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.