Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лазаревски: Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” годинава помасовен, пријавени над 300 натпреварувачи од 31 клуб

Лазаревски: Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” годинава помасовен, пријавени над 300 натпреварувачи од 31 клуб

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 20. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Во сабота во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.

Претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски за Супер радио и InPress информира дека годнава натпреварот е помасовен од претходните. Учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји во регионов, Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и секако Македонија.

– „Ohrid Open“ од страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат критериуми за Европски и Светски првенства. Ќе имаме чест во Охрид да гледаме неколку европски и светски шампиони, како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград кој е шесткратен Европски првак и актуелен Светски првак, како во теквон-до ИТФ, така и во кикбокс. Генерален спонзор на натпреварот е „ПН Метал“, најзаслужен за издигнувањето на овој спортво Македонија и за сите нивни успеси. Овој натпревар е под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, вели Лазаревски.

Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и борби. Почетокот е во 09:00 часот со форми, околу 12:00 часот почнуваат борбите, а официјалното, свечено отворање е во 14:30 часот. Влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Минатата година во Охрид починале 612 лица
Next Почнува 49-от турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, пријавени 29 екипи

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.