Охрид, 16. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 20. јуни, во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.
Низ годините прерасна во особено атрактивен натпревар, што привлекува сé повеќе натпреварувачи, а така е и годинава.

Претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски за InPress и Супер радио информира дека подготовките одат според предвидената динамика, досега се пријавени околу 220 натпреварувачи, а рокот истекува утревечер во 24:00 часот.
– Досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји, а бројката може да се зголеми со оглед на тоа што рокот за пријавување е до утре на полноќ. Покрај учесниците, само од Бугарија имаме најава за присуство на над 230 посетители, родители и придружници на натпреварувачите, што е одлично за нашиот град. Генерален спонзор е „ПН Метал“, а настанот е поддржан од Општина Охрид и Министерството за спорт, вели Лазаревски.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини – форми и борби.
Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а официјалното, свечено отворање е во 13:00 часот. Влезот за сите посетители ќе биде слободен. Со овој турнир ќе биде заокружена пролетниот дел од натпреварувачка сезона. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
