Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 7. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Минатата година во Охрид се регистрирани вкупно 427 живородени бебиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Оваа бројка е за 13 повеќе во однос на 2022 и за 11 повеќе во однос на 2021 година.
Од новороденчињата 214 биле машки, а 213 женски. Според брачната состојба, 396 се добиени во брак, а 31 се вонбрачни.
Инаку Охрид и 2023 година, како и претходните две ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првите три месеци беше најголем, -63, а најмал во второто тромесечје кога беше -47.
Лани во Струга се евидентирани 483, а во Дебрца 24 живородени бебиња.
На државно ниво во 2023 година се родени вкупно 16.859 деца, од кои живородени се 16.737, а мртвородени 122. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.
Во 2023 година се регистрирани 14 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 2.056 или 12.3 % од вкупниот број на живородените деца. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
